Поврзете се со нас

Европски првенства

Ридигер во пресрет на ЕП: Мора да го освоиме трофејот за да го видиме Милер без коса

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Германската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојното Европско првенство, на кое има и сериозни амбиции поради квалитетниот состав и фактот што ќе биде домаќин на турнирот.

Избраниците на Јулијан Нагелсман во одлична атмосфера ги извршуваат последните обврски во пресрет на натпреварите, а на денешната прес-конференција издоминирал Антонио Ридигер.

Дефанзивецот на Реал Мадрид им ветил на фановите дека тој и колегите ќе направат се што е во нивна можност да стигнат до трофејот, а посебна мотивација ќе му биде ветувањето на Денис Ундав. Фудбалерот на Штутгарт најавил дека ќе му ја ишиша косата на поискусниот Томас Милер доколку Германија го освои првенството, а Ридигер смета дека тоа е голем бонус.

– Томас со избричена глава?

– Тогаш мора да направиме се што можеме за да видиме такво нешто. Иако не мислам дека ќе биде многу привлечен и симпатичен, – рекол Ридигер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни