Поврзете се со нас

Шпанија

Ридигер предизвика бура во Германија со еден гест, Федерацијата се јави со соопштение (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Антонио Ридигер игра во брилијантна форма и е сигурен стартер за Реал Мадрид и германската фудбалска репрезентација, но враќањето во својата земја му донесе и еден проблем кој датира од пред две недели.

Стоперот на Реал испрати порака на почетокот на рамазанските пости и ги поздрави сите муслимански верници, но познатиот новинар Јулијан Рајхелт го обвини дефанзивецот дека неговиот гест е познат симбол на радикалните исламистички групи.

Ваквата реакција на новинарот предизвика бура во Германија и истата повторно се активираше за време на овој репрезентативен прозорец, па сега со официјални објави се јавија самиот фудбалер, но и германската Федерација.

Ридигер објави дека поднел тужба против новинарот до судот во Берлин за „навреда и клевета“, додека Федерацијата застана зад својот фудбалер и објави дека новинарот шири говор на омраза.

Поради поднесената официјална пријава, германскиот суд ќе има работа на оваа тема во блиска иднина, но од конечната пресуда не се плаши новинарот кој повторно се јави со нова реакција и објави дека тој има добри причини за такво толкување на гестот на Ридигер.

Според Рајхелт, радикалните исламистички групи го подигнуваат прстот за да ја прослават смртта на своите жртви, па затоа бара од јавните личности да бидат многу повнимателни кога објавуваат било каква содржина на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни