Лига на шампиони
Ридигер откри на кој натпревар го сфатил значењето на Реал Мадрид

Реал Мадрид задутре ќе го пречека Челси во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Антонио Ридигер е фудбалер кој дојде во Шпанија токму од редовите на премиерлигашот.
Германскиот дефанзивец во опширното интервју за „Марка“ зборувал на повеќе теми, вклучувајќи го и начинот на кој најдобро го разбрал реномето на Реал во европски рамки.
– Во Реал си под притисок уште кога ќе влезеш во автомобил за да се упатиш на тренинг.
– Сепак, тоа не е негативно, мене ми одговара тој притисок, не би сакал да живеам без него. Тој притисок најдобро го почувствував пред Супер куп дуелот со Барселона или нешто порано во пресрет на пресметката со Вилјареал. Сфатив дека овде нема шеги и поразот не е опција.
– Но, дури по натпреварот со Ливерпул сфатив што значи Реал Мадрид, односно пресвртите во ЛШ.
– Тоа е лудост, дури и страшно, тие поведоа со 2:0, а на лицата можеше да им се види стравот, нешто не беше нормално. Ние стигнавме до 2:2 и беше јасно дека ќе победиме, на големите натпревари можеш да видиш колку си различен од другите, – изјавил Ридигер.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)