Поврзете се со нас

Англија

Ридигер остана без текст од својот соиграч: Ќе ми објасни ли некој зошто не е номиниран за „Златната топка“ (Фото)

Објавено

на

Калиду Кулибали беше првиот кој јавно проговори за изоставувањето на Едуард Менди од 30-те номинирани за „Златната топка“, изјава на која сега се надоврза и германскиот репрезентативец кој денеска не можеше да им помогне на своите соиграчи од Челси.

Антонио Ридигер поради повреда го пропушти гостувањето во Скопје, а иако не играше денеска против Брентфорд во Лондон, како фудбалски фан можеше да се увери во квалитетите на извонредниот чувар на мрежата.

Менди правеше чуда на голот и спречи да го видиме погодокот на сезоната во Премиер лигата (Видео)

Менди правеше чуда на голот и со голмански мастерклас ја одбрани победата на Челси од 0:1, па со оглед на тоа што имаше шест клучни интервенции на натпреварот, големо внимание предизвика и пораката на Ридигер на Твитер.

– Ќе ми објасни ли некој зошто не е номиниран за „Златната топка“. Какви перформанси…. ЕДУАРД МЕНДИ, – гласи твитот на Ридигер.

– Менди беше неверојатен. Секој ден на тренинзите гледаме како се труди, а сега добива пофалби од сите. Со своите одбрани беше клучен за нашата победа, – изјави стрелецот на голот, Бен Чилвел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни