Поврзете се со нас

Шпанија

Ридигер ја исмеваше Барселона по поразот од Леганес, видеото стана вирално

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Барселона пропушти огромна шанса повторно да се „одлепи“ од Реал Мадрид и да отиде на „плус четири“, откако вчера каталонскиот гигант го доживеа најголемото разочарување од стартот на сезоната.

Леганес успеа да оствари прва историска победа на едно гостување кај Барселона и славеше со 0:1 на „Монжуик“, па така поразот од тимот кој се бори за опстанок донесе нов заплет во врвот на Ла Лига.

Барселона сега има ист број на бодови со Атлетико Мадрид (38) и еден повеќе од Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат еден натпревар помалку и можат да бидат лидери на стартот на 2025-та година доколку слават на заостанатиот меч со Валенсија.

Ова сценарио никој не можеше да го замисли пред вчерашниот меч со кој беше затворена неделната програма во Примера, но крајниот епилог очигледно донела голема сатисфакција кај Антонио Ридигер, кој од Минхен решил да се потсмева со каталонците.

Стоперот на Реал бил во Германија да го проследи финалето во „Икон лигата“ која ја организира Тони Крос, а за време на настанот им покажувал на дел од присутните дека Барселона загубила од Леганес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни