Италија
Рицоли за спорниот старт на Пјаниќ: Орсато погреши, но ВАР снимка не ни постоела
Никола Рицоли е задолжен за судиите и користењето на ВАР технологијата во Италија, а вечерва имаше јавен настап на кој ги објаснил деталите за натпреварот меѓу Интер и Јувентус од 2018 година, за кој пред неколку дена се појавија нови контроверзи.
Поранешен обвинител изјави дека се обидел да стигне до снимките од ВАР комуникацијата од натпреварот, но истите не ги добил затоа што не биле пронајдени во досието, што веднаш беше протолкувано како криење на докази од дел од јавноста.
Се работи за прекршокот на Миралем Пјаниќ за кој играчот на Јувентус не доби жолт картон од судијата Орсато, што инаку ќе беше и автоматски црвен картон, а со што ќе му беше потешко на Јувентус да стигне до победата во Милано, која беше и клучна за борбата за титулата со Наполи.
– Важно е да ги расчистиме работите за да нема дополнителна конфузија. Според протоколот, само дел од конверзацијата на судиите се снима, а снимките се прават од техничка комисија. Потоа снимките се ставаат на располагање на судиската асоцијација која може да ги користи за дел од своите едукативни процеси.
– Само пет до шест разговори се достапни онлајн, а овие снимки се испраќаат до ИФАБ и не се во сопственост на судиската комисија. Според протоколот, се снима комуникацијата при доделувањето на црвен картон и при одлука за пенал, додека не се снима комуникација доколку постои за жолт картон, без разлика дали е прв или втор. Ние го побаравме тоа аудио, но никогаш не ни постоело, – вели Рицоли и уште еднаш потсетува дека ВАР не се користи за жолти картони.
– Во сомнителни ситуации, ВАР собата му посочува на судијата да ја прекине играта, а кога ќе му кажат дека провериле и можат да продолжат, нема што да се додаде. Во овој случај, судијата не морал да комуницира, а од ВАР собата можат да потврдат само дека не било за директен црвен картон.
– Без разлика на ситуацијата со ВАР протоколот, судијата погрешил со проценката во оваа ситуација, а доказ за тоа е фактот што не е делегиран во следното коло, – дополнил Рицоли кој смета дека Орсато дека требало да му додели жолт картон на Пјаниќ за тој старт.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)