Поврзете се со нас

Италија

Рицоли објасни како ќе функционира ВАР системот во корона услови

Објавено

на

Никола Рицоли како шеф на арбитрите во Италија ја даде својата прва најава за враќање на фудаблот на Апенините, а истата е поврзана со толку коментираниот ВАР систем кој многумина сметаат дека е непотребен и бесполезен во корона услови.

Сепак, Рицоли денеска нагласи дека Серија А ќе се врати на програмата со употреба на видео технологијата, односно нема да се следи примерот на Шпанија од каде пристигнаа вести дека ВАР нема да се употребува за да се запазат мерките од владата.

Планот е Серија А да се врати во втората половина на месец јуни, а дотогаш, Рицоли како делегат на судиите вели дека ќе се изготви добра процедура за враќање на судиите во ВАР собата.

– Правиме огромни напор за да вратиме се во некоја нормала и да се вратиме на терените со видео технологијата. Ќе има ВАР, но ќе се работи во посебни услови.

– Ќе има само тројца луѓе во собата за да се задржи социјалното дистанцирање, ќе има и плексиглас бариера меѓу сите и ќе имаат маски за лице. Се надеваме дека тоа ќе го намали ризикот на апсолутен минимум, – објаснува Рицоли за „Раи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни