Англија
Ричардс со шампионски предлог до Гвардиола: Доведи го овој слободен агент и твоја е титулата во Премиер лигата!

Диего Коста е во потрага на проект кој ќе ги задоволи неговите амбиции откако самоиницијативно одлучи да стави крај на своајта втора етапа во Атлетико Мадрид, барајќи сам од клубот да му го раскине договорот кој истекуваше во летниот преоден рок.
Незадоволен од статусот во тимот кој е лидер на табелата и нарушените односи со Чоло Симеоне го натераа Диего Коста да побара дозвола за заминување, а клубот брзо му излезе во пресрет и му го додели статусот на слободен агент, ослободувајќи го од сите обврски кон клубот, со специјална клаузула според која не смее да потпише договор со Реал Мадрид, Барселона и Севилја, главните ривали за титулата во Примера.
Според најавите, искусниот напаѓач веќе одбил неколку понуди кои не биле доволно атрактивни за него, а англиските медиуми уверуваат дека всушност чека понуда од Премиер лигата, првенство во кое одлично се снајде и во кое стана шампион со Челси. Таблоидите од Островот потенцираат дека Манчестер Сити ја разгледува опција за можен ангажман на Коста со оглед на проблемите кои Гвардиола ги има во нападот (Кун Агуеро веќе подолго време се мачи со повреди), па со став на оваа тема излезе и поранешниот стопер на „граѓаните“, Мика Ричардс.
– Манчестер Сити влезе во фантастична форма, но ако го донесат Диего Коста, сигурно ќе им ја донесе Премиер лигата. Коста има 32 години и нема да биде долгорочно решение за Сити, но тој е слободен агент во овој момент и може да дојде гратис.
– Тој ќе биде огромна главоболка за противничките одбрани во Премиер лигата, со него, Гвардиола секогаш ќе има план Б и сигурно ќе ја освои Премиер лигата,- тврди Ричардс.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 21 час
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!