Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ричардс издвои три екипи кои се фаворити за пехарот во ЛШ

Објавено

на

blank

Некогашната голема надеж на англискиот фудбал и сегашен стручен аналитичар, Мика Ричардс издвои три екипи кои според него се главни фаворити за пехарот во Лигата на шампионите.

Нареднава седмица се играат првите реванш мечеви од осминафиналната фаза, а пред тие возбудувања екс играчот на Манчестер Сити ги посочи Баерн Минхен, Манчестер Сити и ПСЖ како топ фаворити за титулата во ова натпреварување.

-Mоите Топ 3 фаворитите ќе бидат ПСЖ како трет, Манчестер Сити како втор и потоа Баерн Минхен. Но, не сакам да се возбудувам премногу затоа што видовме што се случи во Лигата на шампионите со Лион. ‘Сите очекуваа да ги добиеме и тоа не се случи. Се уште се активни во четири натпреварувања и веднаш што го тргнете погледот од топката…штом ги погледнете мечевите низ патот, го заборавате предизвикот кој е пред вас.

-Верувам дека тие еволуираа од минатата сезона и имаат поголема самодоверба. Дали ќе го освојат? Не сум сигурен. Дали имаат поголема шанса? Дефинитивно, -порача поранешниот англиски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни