Рибери збесна откако беше повлечен од игра, па доби јасни опомени од Анчелоти и Салихамиџиќ (Видео)

riberi-sali

Франк Рибери е познат по своите шеги со кои често ги засмејува своите соиграчи, но во изминативе неколку години научивме да го гледаме и во нервозни изданија, особено кога ќе биде повлечен од игра.

Сите добро се сеќаваме на моментот кога Карло Анчелоти го поздрави со бакнеж за еден негов излив на емоции крај аут линијата, но сепак за разлика од минатата сезона, Италијанецот сега беше доста понепријателски расположен откако Французинот одново ги загуби нервите.

Рибери бесно го напушти терено и го фрли дресот на клупата откако беше повлече на вчерашниот меч со Андерлехт во 78-та минута, а Анчелоти не може да ја разбере таквата реакција бидејќи Франк имаше жолт картон.

– Рибери имаше жолт картон, па затоа решив да му дадам протекција и да одмори. Беше навистина лут, но треба да го прашате зошто постапи така. Можам да разберам дека сака да ги игра сите 90 минути, но не можам да ја разберам неговата реакција, – изјавил Анчелоти по мечот, на што се надоврзал и Хасан Салихамиџиќ кој од оваа сезона е дел од стучниот штаб на Италијанецот.

– Ова не смее да се случува во Баерн Минхен, ова не е добро за тимот, – кратко и јасно истакнал Салихамиџиќ кој сигурно ќе има и приватен разговор со Французинот по ваквиот испад.

Facebook Коментари