Поврзете се со нас

Свет

Рибери за испуштената „Златна топка“: Уште барам објаснување за таа неправда

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Франк Рибери смета дека неправедно останал без признанието „Златна топка“ во 2013 година и вели дека ќе биде огорчен од сценариото кое се случило до крајот на животот.

Тогашната ѕвезда на Баерн Минхен играше во одлична форма, но на крајот заврши на третото место во гласањето, веднаш зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Тоа беше идеална година, невозможно беше да се направи повеќе. Таа „Златна топка“ за мене ќе остане синоним за голема неправда.

– Се уште барам објаснување за тоа што се случи, никогаш нема да разберам зошто рокот за гласање беше продолжен за две недели.

– Меси и Роналдо покажуваа голем респект кон мене, знаеја дека сум на нивното ниво, а во таа 2013 година сигурно не беа подобри од мене, – изјавил Рибери.

Французинот зад себе имаше сезона во која му помогна на Баерн да освои три трофеи, додека Роналдо не освои трофеј со Реал и покрај големиот број постигнати голови, а имаше одлични настапи во невообичаениот продолжен период за гласање.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни