Рибери: Роналдо ми украде една „Златна топка“

riberi

Франк Рибери ги игра последните сезони во својата успешна фудбалска кариера, а очигледно до крајот на животот ќе смета дека незаслужено останал без едно големо индивидуално признание.

Се работи за наградата „Златна топка“ доделена во 2013 година, која заврши кај Кристијано Роналдо кој собра најмногу гласови пред Лионел Меси и Рибери кој мораше да се задоволи само со третото место. Рибери му помогна на Баерн Минхен да ја освои Бундеслигата и Лигата на шампионите, но на крајот не го доби признанието.

– Беше исто како да ми го украл признанието. Нема никакви оправдувања, јас ги освои сите важни трофеи, немаше што повеќе да направам, на крајот ми се случи неправда. Голем проблем беше што ја немав поддршката на мојата земја, Французите сакаа Роналдо да ја освои наградата, тоа сигурно не би го направиле Португалците или Аргентинците кога во прашање би биле Роналдо и Меси, – изјавил Рибери за „Канал Плус“.

Рибери посочи дека неправда доживеал и во 2010 година кога Франција имаше ужасен настап на Светското првенство, а националниот тим го тресеа повеќе скандали.

– Им беше потребен дежурен виновник за да го обвинат. Сите во Франција беа убедени дека јас сум проблемот, дури и моите родители мислеа така. Нема да заборавам како се однесуваа одредени француски медиуми, тоа е лузна која ќе ја носам засекогаш, – истакнува фудбалерот на Баерн.

Facebook Коментари