Германија
Рибери го охрабрува Баерн да тргне со полна пареа по една голема ѕвезда: Мора да се искористи и најмалата шанса

Франк Рибери неодамна се врати во Минхен и беше дел од „Бекенбауер Купот“ кој беше организиран по повод 125-годишнината од постоењето на Баерн, јубилеј кој го прослави со освоен трофеј заедно со дел од поранешните соиграчи.
Кам-бекот во Германија му донесе навистина убави спомени на славниот француски фудбалер, кој покрај тоа што очекува Баерн да ја врати титулата во Бундеслигата оваа сезона, исто така очекува да биде донесена најмалку уште една голема ѕвезда во тимот на Венсан Компани во текот на летниот преоден рок.
Големите тимови имаат континуитет само поради тоа што се надоградува она што е добро, а Рибери смета дека Баерн мора да ја искористи и најмалата шанса за да го ангажира Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, фудбалер за кој се сериозно заинтересирани Манчестер Сити и Арсенал.
– Ако постои и најмала шанса, Баерн мора да го купи Флоријан Вирц. За таков фудбалер, треба да се искористи и најмалата шанса, исто како што беше за Кејн.
– Вирц би бил многу добар во тимот со Мусиала, мислам дека одлично би се надополнувале. Двајцата имаат огромен талент, но сепак се различни и можат да играат заедно на теренот. Добрите играчи секогаш се прилагодуваат на својот соиграч, а со нив двајца, Баерн ќе мора малку да отстапи од традиционалниот систем со крила.
– Ако дојде Вирц, јас би играл со „9-ка“ во нападот и со Флоријан и Мусиала зад него. Тие играат повнатрешно, но крилата се уште ќе бидат отворени за брзоноги бекови по левата и десната страна. Мислам дека тоа би функционирало одлично во Баерн, – потенцира Рибери.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија15 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…