Рибери е отворен за сите опции ако не го продолжи договорот со Баерн

frank-riberi-33288932

Франк Рибери има само уште пет месеци од договорот со Баерн Минхен и тоа предизвикува многу шпекулации околу неговата иднина.

Легендата на Барселона Чави неодамна му предложи да му се приклучи во катарскиот тим Ал Сад, но Французинот не одговори конкретно на понудата, иако вели дека е отворен за идејата да премине во МЛС, Кина, Катар или Дубаи во случај да не го продолжи договорот со Баварците.

– Ќе наполнам 35 години во април, но неверојатно е колку добро можам да играм кога сум здрав. Среќен сум во Баерн, па ќе видиме што ќе се случи во следните неколку месеци. Со клубот нема да решиме наскоро, но ќе имаме сериозни дискусии – вели Рибери.

 

Facebook Коментари