Германија
Рибери асистираше, Елбер со бразилска магија му одржа лекција на Касилјас (Видео)

Баерн Минхен организираше уникатен турнир на легенди по повод 125-годишнината од постоењето на клубот, па така изминатава вечера „САП Гарден“ арената во Баварија пречека огромен број фудбалски ѕвезди.
На турнирот во кој учествуваа шест клуба како Баерн, Реал Мадрид, Штутгарт, Борусија Дортмунд, Ајакс и Милан, во големото финале се пласираа баварците и „кралевите“, па одлуката за трофејот ја имаа легендите на Баерн и Реал.
Таканаречениот „Бекенбауер Куп“ беше пренесуван на официјалниот јутјуб канал на Баерн и најголемо внимание предизвика големото финале, во кое домаќинот го надигра Реал Мадрид со 4:0.
Џовани Елбер постигна два погодоци, по еден постигнаа Рафиња и Ван Бомел, а задолжен за асистенции беше Франк Рибери.
Французинот запиша две додавања во финалето, но најголемо внимание привлече онаа втората, пред се благодарение на генијалниот потег на Елбер.
Џовани режираше бразилска минијатура на фудбалскиот терен во дуелот со Касилјас и со тоа потсети за каква класа напаѓач станува збор.
RIBERY WITH THAT SILK AND THE ELBER CHIP ON CASILLAS OMG pic.twitter.com/TMY1iuFpTB
— FCBAshy🇵🇸❤️🤍 (@FcbAshy) March 17, 2025
Giovane Élber scores a goal with unlimited aura pic.twitter.com/SgWTFTtNaQ
— Faboian (@Faboian) March 17, 2025
-
Македонија22 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија21 час
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија20 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија4 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија8 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите