Рибера го откри листот со целата тактика од големото финале: Позната и мотивациската порака која ги одведе Штербик, Канелјас и Душебаев до историско злато! (Фото)

ribera-arpad

Жорди Рибера засекогаш си го запиша своето име во историјата на шпанскиот ракомет откако ја предводеше „фуријата“ до златниот медал на Европското првенство во Хрватска, а во текот на вчерашниот ден, селекторот заедно со најголем дел од шпанските репрезентативци имаа свечено организиран прием на кој ги поделија импресиите со сите новинари.

Рибера одлучи да не крие ништо од „седмата сила“ и навистина беше отворен за откривање на сите тајни од шампионатот, до толку што одлучи да го обелодени листот хартија кој му го донесе златото на неговиот тим. Шпанскиот селектор го достави листот на кој се запишани сите негови тактички замисли, вклучувајќи ја стартната постава, сите можни комбинации и извежбани акции, начин на справување кога противникот игра со играч повеќе и тактичките движења кои ги барал од своите играчи.

Сето ова на крајот и донесе на Шпанија комотна победа против Шведска и историско злато, а она што посебно се издвојува од уникатното парче хартија е мотивациската порака која ги одведе Штербик, Душебаев, Канелјас и останатите до најпосакуваното одличје.

– Да одиграме за денот кога ќе кажеме „ние бевме таа екипа“, – гласи пораката која посебно се издвојува од шифрарникот на Рибера….

ribera-taktika

Facebook Коментари