Рибера го долови незаборавното пристигнување на Штербик: Се пресоблекуваше во салата, сите работи му беа расфрлани…

sterbik

Арпад Штербик ненадејно се претвори во вистински херој на шпанската ракометна репрезентација во походот кон историското злато на Европското првенство, а вистиснки хит во последните неколку дена на турнирот во Загреб беше токму изненадувачкиот повик и експресното пристигнување кое го имаше во хрватската престолнина.

Штербик за само неколку часа од својата дневна соба во Скопје се најде во Загреб во пресрет на полуфиналето со Франција, а ако на мечот со „петлите“ се исткана со трите одбранети пенали, во големото финале со Шведска беше прогласен за МВП на мечот благодарение на клучните одбрани и брилијантното издание во вториот дел.

Несекојдневното пристигнување на Штербик и приклучување на националниот тим секако стана вистински хит и во Шпанија, а сега селекторот Жорди Рибера го долови целиот процес и неговото незаборавно пристигнување во салата.

– Веднаш кога се повреди Перез де Варгас, Арпад беше нашата опција и тој претходно знаеше дека може да дојде до такво нешто. Тој тренираше со Вардар во ситуација кога многу ракометари се отсустни поради Европското првенство, не беше на ниво за да застане одма на голот, но сепак беше во тренинг процес. Кога му се јавив, ми порача „го палам автомобилот и доаѓам веднаш“. Имаше само шест часа до нашиот тренинг и побаравме да му се најде авион за да дојде најбрзо што може. Му кажавме дека не мора толку да брза бидејќи тешко беше да стигне на тренингот, имаше само шест часа. Сепак, кога отидовме во шест попладне на тренингот, тој веќе беше на средина на салата и се пресоблекуваше за тренингот. Сите негови работи беа расфрлани во салата, но тој беше подготвен за тренинг, – открива Рибера кој со ова само уште еднаш ни потврди каков огромен професионалец е голманот на Вардар.

Facebook Коментари