Поврзете се со нас

Македонија

РФМ со специјална порака го означи ракометниот крај на неповторливиот борец Миркуловски (Фото)

Објавено

на

Филип Миркуловски е симбол за пожртвуваност и борба на ракометниот терен, а како таков заминува во ракометна пензија и става крај на својата блескава кариера.

Популарниот „Жути“ понуди многу радости и убави моменти во дресот на македонската ракометна репрезентација, но огромна почит доби и од Германците.

Миркуловски кариерата ја заврши во Вецлар и беше испратен со сите почести и одржан говор пред навивачите на германскиот клуб, што доволно говори каков респект доби Македонецот и во Бундеслигата.

Пред извесно време, Миркуловски го одигра и последниот меч за македонската ракометна репрезентација, а означувањето на официјален крај не остане неодбележано од страна на РФМ.

– Голема благодарност до македонскиот Брејвхарт (храбро срце) за севкупниот придонес за ракометот во Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни