Поврзете се со нас

Македонија

РФМ со порака до клубовите: Валидни договори се само тие кои се заверени во федерацијата

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија денеска со официјално соопштение ги информираше клубовите за својот став во однос на одредени меѓусебни спорови околу договорите на ракометарите, односно нивните реакции на сметка на федерцијата.

РФМ во својата реакција ги потенцира правилата при регистрација на ракометарите во одреден клуб и им порача на клубовите да ги почитуваат своите права и обврски во насока на решавање на проблемите.

Во продолжение, целосното соопштение на РФМ:

– Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените нормативни акти на РФМ и позитивните законски прописи кои третираат материја надлежност на РФМ.

Во текот на минатиот период по изнесените наводи во јавноста, Ве информираме дека Регистрациониот правилник за играчи кој е јавно достапен нормативен акт на РФМ, под договор се сметаат ракометар/ка кој согласно член 20 точка 5 има потпишан договор (образец на РФМ) помеѓу играчот и клубот со утврдени права и обврски на договорните страни, истиот се заверува од страна на РФМ согласно член 14 точка 6.2 во рок од 30 (триесет) дена по потпишувањето на договорот, доколку истиот не е заверен се смета за невалиден согласно член 14 точка 6.6 од Регистрациониот правилник на РФМ.

Органите и телата на РФМ третираат материја на Договор кој е заверен од страна на комисиите, до колку спортскиот субјект има интерни договори со засегнати страни истите не се во надлежност на РФМ и нема овластување да постапува и одлучува по истите .

Упатуваме апел дека Македонската куќа на ракометот има за цел да го етаблира ракометот во својство на национален спорт број 1, правата и обврските на сите чинители е да делуваат во рамките на своите ингеренции и да се води интензивен меѓусебен продуктивен дијалог. Како национална куќа на ракометот, ние ќе продолжиме да го даваме нашиот максимум во смисол на комплетна логистика, поддршка за развој и одржливост на македонскиот ракомет како и комплетно почитување на нормативните акти на РФМ, како и на сите позитивни законски прописи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни