Поврзете се со нас

Македонија

РФМ со огромно олеснување за клубовите: Укината котизација и бесплатни КОВИД тестови

Објавено

на

Управниот одбор при Ракометната Федерација на Македонија донесе изгласа сет мерки во пресрет на новата натпреварувачка сезона во мак-ракометот, одлуки со кои и тоа како им го олеснува животот на македонските клубови.

Пандемијата која ја предзивика коронавирусот им нанесе огромна штета и на онака ранливите македонски клубови, па со цел воопшто да не чувствуваат товар во новата сезона, РФМ одлучи да ги повлече котизациите за натпреварување во македонската Суперлига

Ова е најзначајната одлука од состанокот на Управниот одбор, на кој се донесе јасен заклучок и за применување на КОВИД мерките, но и за редовните тестирања кои ќе се прават над играчите.

Покрај тоа што нема да плаќаат котизација за натпреварување во лигата, клубовите ќе бидат ослободени и од тестирањата, а истите ќе бидат на товар на РФМ.

Задача на клубовите е да изберат еден КОВИД координатор и тој да има постојана врска со комисијата за коронавирус која ја состави РФМ, а во која од денеска членуваат Славе Николов, Камер Металари, Левче Китевски и Гино Стрезовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни