Македонија
РФМ пресече: Вардар во ЛШ, Еурофарм Пелистер доби предност пред Металург

На денешниот состанок кој беше одржан во просториите на РФМ, Управниот одбор н а Федерацијата ги одреди патниците за европските купови за наредната натпреварувачка сезона, а тоа го направи такашто го преслика редолседот на табелата од минатата сезона.
Сега и официјално е познато дека сезоната која ја прекина коронавирусот нема да се доигра, но менувањето на форматот во европските натпреварувањата ги натера одговорните луѓе на РФМ да ги именуваат клубовите кои ќе играат во Лигата на шампионите и новоформираната Лига на Европа.
Наш претставник во најелитното натпреварување ќе биде Вардар кој е единствен кој има сигурно место во Лигата на шампионите, додека предност за вајлд-карта ќе добие Еурофарм Пелистер пред Металург. Битолчани имаат огромни амбиции и го докажуваат тоа со ракометарите кои ги ангажираат за наредната сезона, па се надеваат дека ќе добијат специјална покана од ЕХФ за Лигата на шампионите.
Доколку не се случи тоа, Пелистер ќе има директно место во Лига Европа, односно ќе се најде директно во групната фаза на натпреварувањето.
Исто така, и Металург ќе аплицира за вајлд-карта во најелитното натпреварување, но доколку не ја добие, ќе игра едно квалификациско коло пред групната фаза во Лига Европа.
Последна недоумица беше тоа кој тим ќе се прогласи како петтопласиран, а изборот падна на Бутел кој ќе има шанса да се натпреварува во квалификациите за второрангираното натпреварување во Европа.
-
Балканпред 22 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ