Репрезентација
РФМ подготвува ракометен спектакл во „Борис Трајковски“: Проштален меч и славеничка атмосфера пред СП

Македонија ќе игра на Светското првенство кое ќе се одржи во месец јануари, но на самиот старт на новата 2023-та година, македонската репрезентација ќе добие феноменално загревање за големиот настан.
Цела јавност во нашата земја ќе може да ужива во ракометниот спектакл кој го подготвува РФМ, а кој ќе им биде посветен на тројцата големи играчи кои се повлекоа од репрезентативниот дрес на крајот од мундијалските квалификации.
Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски се простија од репрезентацијата уште пред неколку месеци, но тоа што беше најавено, сега ќе добие своја реализација.
Планот на ракометната Федерација на Македонија е да се организира ракометен спектакл на 3-ти јануари во „Борис Трајковски“, на кој ќе присуствуваат сите актуелни играчи од репрезентацијата, трите легенди поради кои ќе се игра прошталниот меч, но и поранешни врвни екс ракометари.
Во наредниот период, РФМ ќе излезе со повеќе детали за ова случување, но јасно е дека ќе владее славеничка атмосфера во репрезентацијата и меѓу македонските фанови пред заминување на Светското првенство.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар