Македонија
РФМ објави колку пари се собраа од ракометниот спектакл во „Борис Трајковски“: Победи човечноста и хуманоста!

Пред стартот на Светското првенство во Полска и Шведска, македонската ракометна Федерација режираше спектакл во „Борис Трајковски“ и организираше ревијален натпревар на актуелните репрезентативци и поранешните легенди, кој имаше единствена хуманитарна цел за „СОС Детско село“.
Настанот наречен „Сите ѕвезди за СОС Детско село“ донесе спектакл кој ќе се памети уште долго, се прославија кариерите на имињата кои го издигнаа ракометот на највисоко ниво во нашата земја, но дефинитивно најважна цел беше да се соберат парични средства за оние на кои им е најпотребно.
Ракометната Федерација на Македонија денеска излезе со кратко соопштение и резимираше колку точно пари се собрале од настанот, а сите средства ќе бидат пренаменети во „СОС Детско село“.
– Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.
– Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа. Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт!, – гласи пораката на Федерацијата.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)