Поврзете се со нас

Македонија

РФМ направи пресек и го стави ракометот во мирување

Објавено

на

По најавата за одложување на фудбалското коло во Македонија од страна на ФФМ, попладнево официјално соопштение до јавноста испрати и РФМ преку својот генерален секретар.

Ракометната Федерација на Македонија одлучи да ги стави во мирување сите конкуренции на ракометот во нашата земја, како последица на најновите измени во општиот протокол за организнирање на спортски настани во услови на пандемија, а кои беа објавени вчера во Слубежниот весник.

– Ве известуваме дека сите натпреварите при национален систем на РФМ во Суперлигата и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со ковид-19, објавен во Службен весник на Македонија на 29-ти октомври.

– По усогласувањето на општиот протокол со протоколот на Ракометната федерација на Македонија за организација на ракометни натпревари, дополнително ќе бидете известени за отпочнување на натпреварите од горенаведените лиги.

– Апелираме до сите учесници на ракометниот спорт да се почитуваат сите препораки за превенција од вирусот. Ракометната Федерација ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни