Македонија
РФМ му подава рака на Вардар и испрати официјално писмо до ЕХФ за исфрлањето од ЛШ
Угледниот „Балкан-хендбол“ вчера излезе со своја ексклузива дека ЕХФ планира да го остави Вардар без настап во Лигата на шампионите во новата сезона, сето тоа како резултат на акумулираните долгови и лошата финансиска ситуација која се уште не е целосно регулирана.
На оваа вест се чекаше официјална потврда, а дека заканите од водечките луѓе на ЕХФ се вистинити дознавме од страна на Ракометната Федерација на Македонија која сега се обидува да му подаде рака на ракометниот првак во нашата земја.
РФМ испрати официјално писмо до ЕХФ и побара Вардар да остане дел од ракометниот крем во Европа, барајќи од Европската Федерација да има разбирање за долговите во овие моменти на светска економска криза.
– Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија.
По комуникацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23.
Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот.
Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука, – гласи писмото на ФФМ испратено до ЕХФ.
-
Италијапред 22 часа
Капело ги критикуваше клучните играчи на Милан и испрати совет до управата на клубот
-
Англијапред 23 часа
Роси има интересен предлог за тренер на Јунајтед: Тој е легенда и помогна да се изгради нивната култура
-
Германијапред 24 часа
Баерн преговара со искусно тренерско име: Тие ме контактираа…
-
Шпанијапред 20 часа
Чави имаше состанок со Лапорта, донесена е одлука за неговата иднина во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Бесниот Ван Дајк испрати брутална порака до своите соиграчи по тешкиот пораз од Евертон
-
Италијапред 19 часа
Скамака даде атрактивен гол, Аталанта ќе го предизвика Јувентус во финалето на Купот (ВИДЕО)
-
Англијапред 19 часа
Евертон по 14 години го совлада Ливерпул на „Гудисон Парк“, Јунајтед со нов меч со шест гола (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 5 часа
Анчелоти ја искоментира конечната одлука на Чави и откри дека Куртоа направил чудо изминативе две недели