Поврзете се со нас

Македонија

РФМ им додели благодарници и парична награда на судиите Начевски и Николов

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија ја истакна благодарноста за афирмацијата на државата и македонскиот ракомет до нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов го потенцира фактот што македонските спортски супер-амбасадори добиле можност да го судат финалето на олимпискиот турнир во Токио, со што само го надградија своето импресивно портфолио, во кое сигурно ќе влегуваат и други успеси.

– За нас како Федерација беше особена чест што довербата за делењето правда на финалниот ракометен меч на ЛОИ во Токио беше доделена токму на македонските судии Начевски и Николов, кои со предизвикот се износеа достоинствено и максимално професионално.

– Како вистински супер-амбасадори на македонскиот спорт, на неколку наврати на големите ракометни арени, овој судиски пар ја покажа и докажа својата експертиза, заради што ние како матична федерација одлучивме симболично да им се заблагодариме. Јас лично, искрено им посакувам нивната успешна приказна да продолжи!“ – вели Мукаетов.

Покрај благодарниците од РФМ, со одлука на Управниот одбор, на Начевски и Николов им е доделена и парична награда од по 1.000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни