Поврзете се со нас

Македонија

РФМ и ЕХФ со пораки до Лазаров: Најмоќен левучар во ЛШ, ќе ни недостигаш легендо (ФОТО)

Објавено

на

Кире Лазаров и официјално ја соопшти својата одлука дека става крај на својата богата и импресивна играчка кариера по крајот на оваа сезона.

Македонскиот селектор и воедно капитен имаше фантастични епизоди низ долгогодишното ракометно патување, освои многу трофеи во клубовите во кои настапуваше, беше вистински лидер на нашаат селекција во сите овие години, успеси, пласмани на големи натпреварувања.

Кире е секаде почитуван во Европа и пошироко, видовме многу пораки наменете за него, а денеска исти такви стигнаа од РФМ и ЕХФ.

-Ти благодариме за севкупниот ГОЛЕМ придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, -напишаа од РФМ.

-Најмоќниот левучар во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Чист талент во кој можеме да уживаме 25 години. Се пензионира на 42 години, големиот Кирил Лазаров. Ќе ни недостигаш, Легендо, -порачаа пак од Европската куќа на ракометот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни