Поврзете се со нас

Македонија

РФМ го прифати предлогот на Еурофарм и Вардар за бројот на странски играчи

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија денес со одлука на Управниот одбор го потврди правилото за бројот на странски играчи за следната сезона во домашното првенство.

Од РФМ пренесуваат дека го прифатиле барањето на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, бројот на странски играчи да остане ист и во текот на следната сезона.

Тоа значи дека во секој прволигаш може да настапува со осум странски ракометари, од кои барем пет да бидат репрезентативци во некоја категорија.

– Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 за бројот на странски играчи да остане непроменет односно како и во тековната сезона 2021/22.

УО на РФМ постапи согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) и го усвои предметното барање.

За натпреварувачката сезона 2022/23 при системот на натпревари при РФМ бројот на странци ќе изнесува 8 (осум), од кои 5 (пет) имаат обврска да се репрезентативци во своите национални селекции во било која категорија, а останатите 3 (три) по произволен избор на клубовите од кои се ангажирани, – стои во соопштението на РФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни