Поврзете се со нас

Македонија

РФМ ги потврди казните за Скопје и Гевгелија, Министерството им ги поништи решенијата за дејност спорт

Објавено

на

Скопје и Гевгелија се посрамотија во натпреварот во Купот на Македонија, направија штета на угледот на нашиот најпопуларен спорт, ама и потег со кој си нанесија огрома штета на себеси, поточно на клубовите.

Имено тоа што се очекуваше, најавуваше денеска доби официјална потврда од Дисциплинската комсија на Ракометна федерација на Македоника како и Министерството за спорт.

Изречени се жестоки казни, двата клуба се исклучени од ситемот на натпреварување, санкционирани се и Валентина Радуловиќ, Веселинка Тренковска, Јулија Беќарова и Митко Ѓоргиевски.

Министерството за спорт пак има ги поништи решенијата за дејност спорт.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Истото резултираше со исклучување на двете екипи од Ракометната федерација на Македонија и изрекување мерки на суспензија за повиканите официјални лица.

По изрекувањето на овие мерки од страна на РФМ, Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни