РФМ и Чакарески пријателски се разделија

mukaetov

По завршните тестови во ЕХФ неделата, главна цел на македонската ракомента репрезентација ќе биде фаќање посакуван ритам за претстојното Европско првенство кое се игра во јануари, но пред големиот турнир, Федерацијата денеска соопшти дека во наредниот перид ќе мора да се пронајде нов директор на машките селекции.

Милчо Чакарески во изминатите три и пол години беше задолжен за улогата на спортски директор на сите машки ракометни репрезентации на Македонија, но сега по взаемен договор со Федерацијата, одлучено е договорот да биде предвремено раскинат.

– Ракометната федерација на Македонија ја известува спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации г-дин Милчо Чакарески, заеднички донесоа одлука за прекин на досегашниот ангажман. Г-дин Милчо Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, поради персонални професионални ангажмани г-дин Чакарески се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации. Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата, – гласи соопштението на РФМ.

Facebook Коментари