Поврзете се со нас

Шпанија

Резиме од пресот на Чави: Го посочи главниот фаворит за титулата во Ла Лига, отпишаниот играч останува во Барса!

Објавено

на

Како што можеше да се очекува, прес-конференцијата која ја одржа Чави Ернандес привлече огромно внимание во Шпанија, бидејќи во фудбалскиот клуб Барселона е многу раздвижено овие неколку дена, пред се поради потешкотиите да се регистрираат големите летни засилувања.

Првото прашање кое го доби Чави беше поврзано на оваа тема, по што тренерот откри дека Барса активирало и четврто интерно рефинансирање и сите очекуваат да бидат регистрирани засилувањата, иако непознато е дали тоа ќе се направи до утре пред почетокот на натперварот со Рајо Валјекано во првото коло во Примера.

– За да не прашувате дополнително за тоа, ќе ви кажам како стојат работите. Работиме напорно на регистрацијата на играчите и сме големи оптимисти. Клубот денеска активираше четврто рефинансирање, утре ќе видиме дали ќе ги регистрираме сите играчи кои дојдоа ова лето. Имаме право да ги пријавиме играчите на два часа пред мечот. Имаме време до утре и сме големи оптимисти, – изјави Чави, кој без размислување го посочи Реал Мадрид како главен фаворит за титулата во Ла Лига.

– Направивме многу добри потези, добивме големи засилувања, но сега тоа треба да се докаже и на теренот. Треба да докажеме дека сме подобри со факти на теренот. Ќе ни се суди според остварените резултати и прикажаната играч. Нема да кажам дека ние сме глави фаворити. Главен фаворит е тимот кој победи минатата сезона, фаворит е шампионот. Ние сме кандидати за титулата, – порача тренерот на Барса, кој изненади и потврди дека Миралем Пјаниќ ќе остане дел од тимот за новата сезона, иако го започна летото како отпишан од клубот.

– Пјаниќ ме убеди со своето залагање и тој ќе остане во Барселона. Сметам на него и на Обамејанг. Оние на кои не сметам, тоа го дознаа од моја уста, – нагласи Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни