Поврзете се со нас

Свет

Резиме на холивудското сценарио: МЛС објави видео со многу детали од дебито на Меси (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Навивачите на Интер Мајами не можеа да посакаат подобро сценарио за дебито на Лионел Меси, кој со гол во последните моменти донесе важна победа за американскиот тим во Лигс купот.

МЛС претставникот го победи Круз Азул, а стадионот еуфорично го прослави голот од слободен удар на Аргентинецот во 94. минута.

Фановите беа среќни за победата, присутните ѕвезди не го криеја воодушевувањето на трибините, а соиграчите можат да бидат задоволни што атрактивното засилување донесе позитивен резултат по очајната серија во МЛС.

Меси предизвика невиден позитивен ефект за клубот и американскиот фудбал со одиграно помалку од едно полувреме, па не е изненадување што МЛС и Интер Мајами подготвија специјално видео за неговото деби. Во четири минути се вклучени моментите од пред средбата, кулминацијата на теренот и интервјуто по средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни