НБА
Режисерот на „Последниот танц“: Шокиран сум што Џордан ги дозволи наредните две епизоди (Видео)
Секоја недела се емитуваат по две епизоди од документарецот „Последниот танц“ кој е посветен на Мајкл Џордан и легендарната генерација на Чикаго Булс која одбележа една ера во НБА лигата.
Досега се прикажани шест од десетте епизоди и притоа се откриени интересни работи кои не се знаеја за летечкиот Мајк и неговите соиграчи. Меѓутоа како што се ближи крајот така ќе биде многу повозбудливо, а за тоа говори најавата од режисерот на документарецот Џејсон Хехир кој не може да поверува дека Џордан дал дозвола едноставно да се емитуваат наредните две (7,8) , епизоди во кои ќе се види како легендарниот ас го „нокаутира“ Стив Кер и како тој се однесувал на тренинзите, но и како е воедно да се игра против него.
-Следните епизоди ќе ве изненадат. Можно е Џордан да ја рипнал седмата епизода затоа што не можам да поверувам дека не ја повлекол. Добивме многу снимки од НБА на кои се гледа како беше да се игра со Мајкл и како против него. Не знам дали би сакале да бидете со него на тренинг заради работите што ги правеше. Беше забавно да се гледа, но да се биде дел од тоа навистина било тешко.
– Тој барал тренинзите да бидат појаки и потешки од натпреварите. Било напорно и исцрпувачки повеќе од што некој може да замисли. Навистина сум шокиран што ЕСПН ни дозволи да го задржиме вокабуларот од тие снимки и дека Мајкл даде дозвола да ја емитува таа епизода, -истакна Хехир.
“I just haul off and hit him right in the f—ing eye. And Phil just throws me out of practice.”
Episodes 7 & 8 air next Sunday at 9 PM ET on ESPN 📺 #TheLastDance pic.twitter.com/ONZAnjlcbc
— SportsCenter (@SportsCenter) May 4, 2020
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)