Поврзете се со нас

Лига на нации

Резервите на Де Ле Фуенте донесоа нова победа за Шпанија, Хрватска со реми до четвртфинале во Лигата на нации

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Селекциите на Шпанија и Швајцарија го одиграа најефикасниот меч во вечерашната програма во А дивизијата во Лигата на нации.

Во дуел кој немаше значање на двете репрезентации и во кој двајцата селектори можеа да ги измешаат картите, да тестираат играчи, формации, „црвената фурија“ славеше со 3-2.

Средбата во Тенерифе донесе три пенали од кои два беа реализирани, односно Педри беше единствениот кој не го искористи ударот од 11 метри. Фаворитот трипати водеше со тоа што последниот гол за триумф го даде преку Сарагоса во 93 минута.

Претходно Пино погоди за Шпанија, возврати Монтеиро, па Хил стрелаше одново за домаќинот, но Зекири одговори во 85 минута.

Во истата група Србија и Данска одиграа без победник и со тоа северните соседи останаа без четвртфинале во ЛН.

Standings provided by Sofascore

Таму пак е Хрватска со ремито против Португалија од 1-1. Погодокот на Гвардиол во 65 минута се покажа како доволен за „коцкестите“ за да дојдат до целта, поточно залудна да биде победата на Шкотска над Полска.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни