Поврзете се со нас

Германија

Резервистот Петерсен донесе прва победа за Фрајбург во корона ерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Фрајбург конечно се израдува на победа во корона ерата, односно откако се врати фудбалот во германската елитна конкуренција.

Фрајбург во изминатите четири кола освои само два бода за да вечерва ја прекине лошата серија и на домашан терен биде подобра од Борусија Менхенгладбах со 1-0. Голот вреден три бода беше дело на напаѓачот Нилс Петерсен кој само што влезе во игра успеа во 58 минута да стрела со глава по центаршутот на Грифо.

Ова за екипата на Фрајбург беше 11 сезонска бода, вкупно 41 бод со што останува во трка за местата кои водат во Европа во следната кампања. Останатите средби од 30 рунда се играа утре и задутре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни