Резервистот на Баерн: Никогаш не сум го видел Реал полош во Минхен, можевме да победиме 5:2

sule-real

Баерн Минхен сигурно не може да биде задоволен од резултатот кој го оствари на домашен терен против Реал Мадрид, а тренерот Јуп Хајнкес уште помалку може да биде оптимистички настроен кога се во прашање повредите на неговите клучни играчи.

По повредите на Алаба, Видал и Коман за кои се знаеше дека нема да настапат уште пред почетокот, во првиот дел Хајнкес остана и без Робен и Боатенг, играчи за кои има навистина мали шанси да настапат на реваншот во Мадрид кој се игра наредната недела. Сето ова го принуди Јуп да прави корекции во стартната постава и му даде шанса на резрвистот Никлас Суле, играч за кој мора да каже дека доста коректно си ја заврши работата.

Сепак, стоперот на Баерн многу повеќе се истакна со изјавата која ја даде по мечот, алудирајќи на тоа дека никогаш не видел послаб Реал Мадрид на гостувањата во Минхен.

– Мислам дека многу ректо сум го видел Реал Мадрид толку лош во Минхен, можеби и никогаш. Ние имавме многу шанси, но не ги искористивме. Ако победевме 5:2, никој немаше за што да се буни. Сега ќе треба да го поправиме тоа во Мадрид, – вели Суле во интевјуто за „Кикер“.

 

Facebook Коментари