Поврзете се со нас

Италија

Резервистот Лукаку му донесе четвртфинале на Интер во Купот на Италија (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Интер се изборија за победа над Фиорентина и пласман во четвртфиналето на Купот на Италија каде ќе ги одмера силите со градскиот ривал Милан кој пак вчера беше подобар од Торино.

Дуелот во Фиренца на „Артемио Франки“ донесе многу возбудувања, шанси, но победникот беше решен дури во завршницата на второто полувреме и тоа преку резервистот Лукаку кој се најде на вистинското место и стрелаше за 2-1.

„Нероаѕурите“ отворија со голот од пенал на Видал во 40 минута за да потоа Мартинез промаши идеална шанса за зголемување на водството на почетокот на второто полувреме. Домашните играчи го казнија ова промашување и преку одличниот погодок на Куаме во 57 дојдоа до 1-1.

Лаутаро промаши зицер, Фиорентина казни, ќе се играат продолженија во Фиренца (ВИДЕО)

Интер потоа се обидуваше одново да дојде до предност, меѓутоа реализацијата затаи, немаше промени и затоа беа потребни нови 30 минути во кои избраниците на Конте пронајдоа начин да дојдат до погодок преку Лукаку за конечен триумф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни