Поврзете се со нас

Англија

Резервистот Хаверц постигна победнички гол, Арсенал е нов лидер во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Арсенал остварија победа над Брентфорд од 1-0 во последниот денешен меч во Премиер лигата.

Избраниците на Микел Артета се изборија за тежок триумф, триумф во самата завршница кој го донесе германскиот репрезентативец Каи Хаверц.

Хаверц кој е многу критикуван во актуелнава сезона, влезе во игра во 79 минута на местото на Мартинели, а во 88 минута се најде на вистинско место и со удар со глава донесе три големо бода.

Со овој резултат составот од северен Лондон изби на првото место на табелата со 30 поени, еден повеќе од Манчестер Сити и два од Ливерпул, два тима кои денеска ремизираа на „Итихад“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни