Резервирано и последното место во Примера за наредната сезона (Видео)

valladolid-numancia

Додека фудбалскиот свет гледа елитен фудбал на мундијалот во Русија, во Шпанија се играше финалето од плеј-оф натпреварите за пласман во најпрестижното натпреварување на Пиринејскиот Полуостров.

Реванш дуелот меѓу тимовите на Реал Валјадолид и Нумансија заврши без победник со конечни 1-1, кои со победата од 3-0 од првиот меч го носи Валјадолид во Примера. Целиот натпревар беше прилично изедначен, а двата гола беа постигнати во последните моменти. Најпрво, Ману Дел Морал во 87. минута донесе водство за Нумансија, а Хаиме Мата во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Со овој резултат пред 25 илјади гледачи, тимот на Реал Валјадолид се враќа во Примера по четиригодишна пауза.

Facebook Коментари