Поврзете се со нас

Балкан

Револуција во Србија: Пикси прецрта седум фудбалери од Европското првенство (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Драган Стојковиќ Пикси остана верен на своите убедувања и тврдеше дека Србија се прикажала добро на Европското првенство, без разлика на тоа што цела јавност ја окарактеризира како големо разочарување елиминацијата во групната фаза.

Искусниот српски стручњак доби доверба од раководството во фудаблскиот сојуз и покрај лошиот резултат, но веднаш после тоа најави дека ќе следи голема револуција и смена на генерации во репрезентацијата.

Пикси го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Шпанија и Данска во Лигата на нации, а на истиот нема дури осум члена од Европското првенство, од кои седум самиот тој ги прецртал.

Душан Тадиќ самиот порача дека заминува во репрезнтативна пензија по недоразбирањето со селекторот, но Пикси сега не ги повика и Вања Милинковиќ Савиќ, Урош Спајиќ, Срѓан Мијаиловиќ, Филип Младеновиќ, Немања Гудељ, Филип Костиќ и Мијат Гачиновиќ.

Србија се наоѓа во групата 4 во А дивизијата во Лигата на нации, каде покрај Шпанија и Данска, се најде и селекцијата на Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни