Поврзете се со нас

Англија

Ревија на атрактивни голови на „Стемфорд Бриџ“, Челси влезе во позитивна серија на резултати (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Тимот на Челси се избори за славје над Њукасл од 3-2 во вечерашниот меч со кој се затвори 28. коло во англиската Премиер лигата.

Пресметката на „Стемфорд Бриџ“ беше одбележана со убави, атрактивни голови на двете страни. Веќе во почетните минути падна првиот погодок кој беше дело на Џексон со 6.минута.

Одговорот стигна во финишот на првиот дел кога Исак со одмерен удар го матираше Петровиќ. По паузата првиот удар го зададоа „сините“ со погодокот на Палмер во 57 минута, а во 76 минута веќе беше 3-1 за избраниците на Покетино и тоа благодарение на Мудрик кој се прошета и буквално влезе со топката во голот.

До крајот видовме уште едно ремек дело на Марфи во 90 минута со што беше ублажен поразот на Њукасл кој и покрај поразот е пред вечерашниот ривал на табелата (10 и 11 место на табелата).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни