Поврзете се со нас

СЕХА лига

Реваншот ќе биде само формалност, Вардар лесно против Металопластика

Објавено

на

Македонскиот шампион Вардар како што стојат работите ќе игра во четвртфиналето од СЕХА лигата по победата во првиот натпревар против Металопластика со 39:31.

Во првата средба „вардарци“ беа формално гости на Металопластика иако натпреварот се одигра во „Јане Сандански“.

Металопластика подобро го отвори натпреварот, и имаше предност од четири погодоци на самиот старт, но потоа Вардар брзо се консолидираше и ја презеде играта во свои раце, за уште на почетокот на вториот дел да го реши победникот на средбата.

Најдобар поединец на паркетот беше Ловро Јотиќ со десет постигнати погодоци, додека седум пати прецизен беше Тимур Дибиров.

Реванш средбата која како што стојат работите ќе биде формалност се игра утре во „Јане Сандански“ со почеток од 16 часот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни