Поврзете се со нас

НБА

Ретко виден трансфер: Лани играше за МЗТ, сега ќе игра во НБА лигата откако потпиша за Орландо Меџик

Објавено

на

Од таборот на Орландо Меџик предмалку се пофалија дека во своите редови го ангажирале играчот кој лани играше за МЗТ Скопје, Хасани Гравет.

Гравет кој беше меѓу најдобрите играчи на клубот од Аеродром минатата сезона успеал да ги задоволи апетитите на тренерите на Орландо кои одлучиле да го задржат кошаркарот по тоа што го виделе во летната НБА Лига, натпреварување во кое играат играчи кои се обидуваат да се наметнат во најдобрите клубови од САД.

Гравет минатата сезона настапи на 12 натпревари за МЗТ Скопје во македонската лига на која бележеше по 12.4 поени по натпревар, четири скокови и 3.1 асистенција, а во просек на секоја средба добиваше по 25.4 минути.

Во летната лига во дресот на Орландо, Гравет одигра пет натпревари на кои бележеше просек од осум поени, 2.6 скокови и 2.6 асистенции по натпревар.

Гравет во НБА Лигата ќе настапува со дресот со број 12, а ова е навистина неочекувна трансфер кога еден играч директно од Македонската лига ќе се пресели во најсилната светска кошаркарска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни