Поврзете се со нас

Светски првенства

Ретко виден момент: Судијата го тешеше расплаканиот Зинченко (Фото)

Објавено

на

Репрезентацијата на Велс стана последниот патник на Светското првенство кое на крајот на оваа година ќе се одржи во Катар откако денеска со 1:0 славеа против селекцијата на Украина.

Единствениот гол го постигна искусниот Јармоленко кој си ја затресе сопствената мрежа и донесе ерупција од радост на стадионот во Кардиф.

Сите репрезентативци на Украина минуваат низ крајно тешки моменти во своите животи откако во нивната земја интензивно се одвива воен удар наметнат од Русија, па јасно е дека овој пораз им дојде како дополнителна „сол на рана“.

Тоа го почувствува и главниот судија на денешната средба од Кардиф, искусниот шпански арбитар, Матеу Лахоз кој по крајот на натпреварот замина да ги теши украинските фудбалери, нешто што не е својствено за еден судија.

Лахоз најмногу се задржал кај фудбалерот на Манчестер Сити, Олександр Зинченко кој во последно никако не може да ги сокрие своите емоции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни