Поврзете се со нас

Италија

Ретко кој може да се пофали со ова: Перишиќ испиша нова историја во Серија А (ФОТО)

Објавено

на

Составот на Интер иако водеше не успеа со позитивен резултат да се врати од Рим и дербито со Лацио.

Бранителот на титулата во Серија А загуби со 3-1, меѓутоа ако е за утеха еден нивен член испиша нова историја во ова натпреварување. Станува збор за хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ кој беше автор на голот за гостите на „Олимпико“ што беше доволно да влезе во историските читанки.

Имено Перишиќ беше сигурен реализатор од белата точка, а тоа значеше дека прв игра во елитната италијанска конкуренција кој успеал да постигне гол од пенал со лева и десна нога. Ова го објави Опта која веќе подолго време ги бележи овие податоци кои знаат да бидат многу интересни како што е и оваа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни