Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф тргна по трансфер желбата на Тен Хаг: Јунајтед испратил понуда до незадоволната ѕвезда на Баерн

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Работите за Матијс Де Лихт не се одвиваат како што може да замисли еден врвен фудбалски професионалец, бидејќи по потпросечната сезона со Баерн Минхен, стоперот не е стартер ниту на Европското првенство.

Холандскиот стопер се мачи да ги оправда големите очекувања за кои самиот се погрижи со своите изданија во Ајакс, па откако беше продаден од Јувентус пред две години, сега повторно е доста актуелен на трансфер пазарот.

Како што информира угледниот холандски медиуми „Де Телеграф“, Манчестер Јунајтед веќе доставил прва понуда до фудбалерот и неговите претставници, а истата е задоволувачка поради фактот што англискиот великан му нуди долгорочен договор.

Јунајтед сака да му ја исполни желбата на Ерик Тен Хаг и да му го донесе фудбалерот кој блескаше во Ајакс под негово водство, па според изворите на „Де Телеграф“, доста позитивни се и првите сигнали кои ги испратил Де Лихт.

Побуден од фактот што нема сигурно место во Баерн и тоа што Компани планира промни во одбраната, Де Лихт би бил идеална замена за Варан во Манчестер Јунајтед, па во овој момент, како единствена пречка се поставуваат преговорите меѓу двата клуба.

Баерн исплати речиси 70 милиони евра за Де Лихт пред две години, а Манчестер Јунајтед во овој момент смета дека Матијс не вреди повеќе од 40 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни