Англија
Ретклиф се договорил со Глејзерови, дилот не ги воодушеви фановите на Манчестер Јунајтед

Милијардерот Џим Ретклиф постигнал договор со членовите на фамилијата Глејзер и по претстојната пауза за настапот на репрезентациите, Манчестер Јунајтед официјално ќе го најави влезот на новиот малцински сопственик на акции.
Компанијата „Инеос“ чиј сопственик е Ретклиф ќе плати околу 1,25 милијарди фунти за да добие 25 проценти од акциите на „црвените ѓаволи“, па и покрај тоа што ова е еден чекор нанапред, фановите се далеку од среќни од овој договор.
Глејзерови и натаму ќе управуваат со клубот, со што барем засега останува неисполнета желбата на навивачите за целосно збогување со актуелните сопственици, кои според нив менаџираат лошо со клубот и стадионот кој е во загрижувачка состојба.
Најавите се дека Ретклиф ќе има влијание и во одлуките на спортски план, но нејасно е колку моќ ќе му биде отстапена, па и фактот што ќе има поделена одговорност и нејаснотии кој ги влече потезите е негативна за големата база на фанови.
Теоретски, луѓето на Ретклиф најавија дека желба на милијардерот е да го зголемува својот удел на акции и дека планира да инвестира во инфраструктурата на Јунајтед, но тоа допрва треба да го потврди со своите следни чекори.
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Англијапред 20 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 13 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 20 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 19 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)