Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф предвиде колку години ќе му требаат за да го среди хаосот во Јунајтед: Имаме повеќе сметководители од спортски луѓе!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Сир Џим Ретклиф ја комплетираше неколкумесечната зделка и стана косопственик на Манчестер Јунајтед со уплата на 1,3 милијарди евра, но го доби приматот да раководи со спортскиот проект и сите најважни операции во клубот.

По долго размислување и водење на разговори со Томас Тухел, Ретклиф на крајот одлучи да остане со Ерик Тен Хаг и да му даде нова шанса на холандскиот стручњак, но пред да дојде до вакво решение, ангажираше и неколку искусни директори за да прормени дел од хиерархијата во клубот.

Ретклиф го ангажираше Омар Берада од Манчестер Сити, пристигна и Џејсон Вилкокс од Саумтемптон, а набрзо треба да биде претставен и Дан Ешворт кој досега работеше во Њукасл.

Ова е само почеток на промените кои ги има испланирано Ретклиф за неговиот нов спортски проект, но како што вели самиот за да се среди целиот хаос, ќе бидат потребни околу две или три години.

– Има простор за напредок во секој поглед во Манчестер Јунајтед. Сигурен сум дека ќе напреднеме во секоја гледна точка. Сакаме да бидеме на местото на кое е Реал Мадрид денеска, но ќе биде потребно време додека да стигнеме дотаму. Мислам дека ќе ни бидат потребни два или три летни преодни рока за да бидеме на подобро место и во подобри услови.

– Кога дојдов, во клубот видов повеќее сметководители отколку спортски луѓе. Манчестер Јунајтед во моментов нема играч кој вреди 100 милиони евра или повеќе. Една ѕвезда нема да го реши проблемот, затоа не сум сигурен дека ќе ги решиме сите проблеми во првиот летен преоден рок, – вели Ретклиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни