Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф планира нови „резови“ во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, милијардерот Џим Ретклиф го презема оперативното управување со англискиот великан, но тоа му донесе и навистина големи предизвици.

Покрај тоа што Јунајтед резултатски е далеку од посакуваната позиција, клубот има и финансиски проблеми кои мора да бидат решени во од.

Англиските медиуми потсетуваат дека Ретклиф и неговите соработници веќе направиле намалување на одредени трошоци за да се намали финансиската загуба, потенцирајќи дека тие „резови“ ќе бидат надградени и наредниот период.

Манчестер Јунајтед бележи загуба до 300 милиони фунти последните три години, нешто што е неприфатливо за клубот, но и Ретклиф, па во меѓувреме се отпуштени голем број вработени, прекинат е ангажманот на Алекс Фергусон како клупски амбасадор, а вработените веќе нема да ги следат финалињата на трошок на клубот.

Ретклиф веќе најави дека ќе има незгодни потези за штедење и намалување на трошоците, а меѓу последните потези е и разделбата со Џеки Кеј, одговорна за тимските операции веќе три децении на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни