Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф пикирал италијански тренер како прв фаворит за наследник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/INEOS

Новото раководство на Манчестер Јунајтед засега ја задржува поддршката за актуелниот менаџер, Ерик тен Хаг, но тоа може да се промени во наредниот период.

Поразот од Тотенхем нема да му донезе отказ на холандскиот тренер, но неговите претпоставени веќе размислуваат за опциите кои би требало да ги активираат при продолжувањето на резултатската криза.

Таблоидот „Сан“ тврди дек главен фаворит за наследник на Тен Хаг е Симоне Инѕаги, актуелниот тренер на Интер, кој ја освои титулата во Серија А, а претходно го одведе овој тим и до финалето на Лигата на шампионите.

Тогаш Интер загуби минимално од Манчестер Сити, а оваа сезона веќе одигра нерешено со актуелниот англиски шампион, изданија кои не останале незабележани кај претставниците на „ИНЕОС“, компанијата која го води спортскиот дел во Јунајтед.

Манчестер Јунајтед наредниов период ќе се соочи со Порто и Астон Вила и тоа ќе бидат сериозни испити за Тен Хаг и неговите фудбалери, а Џим Ретклиф ќе размислува за евентуална смена за време на паузата за настап на репрезентациите.

Инѕаги доби нов договор во Интер, но прашање е дали би одбил ваков предизвик во кариерата, додека единствен ривал во моментов му е Герет Саутгејт, чија предност е што нема ангажман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни